Ова е приказната на авторот Стјепан Лицо, кој се обиде да ни каже зошто мораме да забавиме и слушнеме околу себе! Ми раскажува една помлада личност како, возејќи се со автомобилот низ град, запрела на пешачки премин да пропушти постара двојка. Двајца старци – така кажа. Вистина, со оглед на нејзините години, можно е дека таа класификација се однесува на проширен круг на луѓе, на голем број од нас. Ми раскажа дека тие кога виделе дека застанала, се фалите за рацете и така – со рака под рака – поминале преку пешачкиот премин. Но наместо да побрзаат, чекореле пополека и се бакнале.
За мојата раскажувачка тоа беше премногу.
Притисокот ми се качи на двесте, ми кажа.
-Не знаев што да сторам. И зошто воопшто застанав пред пешачкиот премин?! Почнав да им свирам, а тие продолжија нога пред нога како тоа воопшто да не ги засега.
Ја погледнав и тога и кажав:
-Не те разбирам. Господ ти испратил прекрасна двојка за да ти ја пренесе неговата порака, а ти му свириш!?
Со оглед дека ниту таа мене ме разбра, и кажав:
-Господ сакал да ти каже малку да забавиш. И веднаш ти покажа како ќе ти изгледа животот ако забавиш…Ти покажа каков живот посакува за тебе…
Во трка со своите обврски, трка која сами на себе си ја наметнуваме, толку често само провејуваме низ сопствениот живот. Кога на крајот ќе почувствуваме потреба на некој да му наброиме каде се сме биле, што се сме направи од утрото, ни се случува да мора да заклучиме дека тој ден всушност не сме ни живееле: дека само сме го одработувале тоа што го нарекуваме својот живот.
Заклучуваме дека тоа и не бил наш ден. Дека не сме успеале на добар начин да го споделиме со најблиските. Заклучуваме дека таков ден не би му посакале на некого кого го сакаме. Во суштина, ден во кој не сме имале време за луѓето и Господ, и не бил ден. Ден во кој не сме се потрудиле да слушнеме, во кој сме ги игнорирале оние со кои живееме, оние кои ги сакаме, во коој не сме им дозволиле да дојдат до збор е погрешен ден.
Ден низ кој не сме оделе со Божјата присутност сме го истуриле како песок во ветер. Должни сме и на самите себе и на сите кои имаат место во нашето срце, должни сме му на животот, да најдеме време за срцето на сопствениот живот. За љубов. Доколку не го исполниме тој долг, среќата која ни е на дофат на рака, на дофат на душата, ќе остане недостапна за нас. И ќе жалиме.
И многу, многу поради тоа ќе жалиме.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.