Судирот во СДСМ нема да биде меѓу т.н. бранковисти и т.н. заевисти. Судирот ќе биде меѓу т.н. заевисти, соросови кадри кои ќе се обидат локално и без силна поддршка од чадорот да ја преземат партијата, и т.н. импланти на Чадорот кој на местата на старите пломби беа имплантирани во врвот на СДСМ или преку Шарената Револуцијата во институциите на државата. Тоа ќе биде мачен процес. Ќе видиме дали Катица Јанева ќе биде Меркел или Заев. Што правиме ако Катица Јанева биде адаптибилна како Меркел!? Во чив двор тогаш ќе пукнат бомбите – анализира новинарот Васко Ефтов.
Според аналитичарот, членовите три години молчеле во очекување на голема изборна победа гарантирана со печатот на Чадорот и секој сомнеж дека не се во право го ставаа под тепих со констатацијата – зарем Големиот Чадор може да погреши.
– Затоа беа тие силни изблици на шокираност од победата на Трамп, или уште повеќе од појавата на австрискиот министер за надворешни работи Курц на митингот на ВМРО ДПМНЕ во Скопје. Тоа беа знаци на освестување, но тие беа и недоволни и задоцнети за нешто да се направи и да се смени правецот во кој плови бродот на опозицијата – вели Ефтов.
Во тој контекст Ефтов го гледа и вклучувањето на бомбите во кампањата, што според него значи непочитување на договорот постигнат со Викторија Нуланд.
– Не со Бејли, не со амбасадорот на ЕУ во Македонија, не со британскиот амбасадор Гарет, тоа значи непочитување на договорот со Викторија Нуланд. Да ја поткрепам таа теза со уште една поента. Во ВМРО ДПМНЕ одбраа да не го јавнат бранот Доналд Трамп и таа тема да не ја вклучат во изборната кампања – иако тоа ќе значеше барем неколку пратеници повеќе на нивната изборна сметка. Зошто? Бидејќи очигледно сакаа да го испочитуваат до крај договорорт со Викторија Нуланд. Вклучувањето на бомбите во кампањата и оној повик на Бранко Героски – цитирам: Друже Заев од мене кратко и јасно-бомби!!!, завршен цитат, отвора неколку прашања. Прво, дали Заев ги предал сите бомби кај Катица Јанева? Второ, зошто Катица Јанева не се јави со став, соопштение или прашање до Зоран Заев дали и се доставени сите бомби согласно законски превземените обврски? Трето, ако сите бомби не се предени дали тие бомби се користат за рекетирање на крупни бизнисмени во Македонија кои необјавувањето на бомбите за нив го плаќаат со големи пари? И четврто дали бомбите ќе бидат искористени за нови немири во Македонија? Ми се чини дека оваа тема ќе биде лакмусот како во иднина ќе бидат разрешени сите отворени прашања во самата опозиција и во коалицијата на опозицијата, шарената револуција и чадорот – вели новинарот Ефтов.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.