| четврток, 6 декември 2018 |

Тодоров: В недела ќе биде испратена порака дека ни Заев ни кој било друг не смее да тргне против сопствениот народ

todorov2

Народот на Македонија победува на овие избори, тоа веќе е јасно, изјави денеска носителот на ИЕ 2, Никола Тодоров.

-Ги повикувам оние што не мислат да излезат да гласаат или оние што сѐ уште се двоумат да бидат дел од народот на Македонија кој извојувал победа во оваа две и полгодишна битка. Да испратиме порака до целиот свет дека во Македонија победува народот. Да ја поразиме деструкцијата и кризата, да покажеме и на Заев и на сите идни како Заев дека никој не смее да тргне против сопствениот народ дека македонскиот народ е мудар и добар и дека со мудрост и со добрина може секој да го победи – подвлече Тодоров.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top