Руската разузнавачка служба го разоткри идентитетот на шефот на канцеларијата на ЦИА во руската престолнина, бидејќи претходно беше откриен еден агент на ЦИА во Москва. Уште во 2011 година шефот на канцеларијата на ЦИА „официјално бил предупредуван“ да не презема провокативни чекори за регрутирање на претставници на руските безбедносни сили, рекол еден припадник на руската разузнавачка служба на агенцијата „Интерфакс“. Тој притоа го открил името на шефот на канцеларијата на ЦИА во Москва.
Притоа навел и име на друг агент на ЦИА, кој според неговите наводи поради „слично делување“ е протеран во јануари.
Наведувањето на имињата на противничките шпиони е во спротивност со дипломатските обичаи, наведуваат меѓународните агенции.
Русија неодамна соопшти дека агент на ЦИА по име Рајан Фогл е раготкриен како се обидува да врбува припадници на руските разузнавачки служби. Фогл работел под лажен идентитет во Амбасадата на САД во Москва. По тоа прогласен е за непожелна личност.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.