| четврток, 6 декември 2018 |

Северна Кореја истрела две наведувани ракети

„Северна Кореја утрово истрела две наведувани ракети и една во текот на попладнето. Трите ракети паднаа во водите на Јапонското Море”, изјави за AFP портпаролот на министерството за одбрана на Јужна Кореја.
Јужна Кореја внимателно го следи сите истрелувања на ракети од страна на нејзиниот сосед од северот што понекогаш опфаќа ракети од кус дострел во текот на воените вежби.
Споменатите ракети биле истрелани по завршувањето на заедничките американско-јужнокорејски маневри одржани оваа седмица кои Северна Кореја ги нарече провокација „без причина” и подготовка за војна.
САД и Јужна Кореја стравуваат дека севернокорејските тестирања со ракетите од краток дострел од типот „Мусудан” може да ги вратат нуклеарните тензии во регионот во февруари годинава.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top