Веќе одамна може да се забележи дека мајката на сестрите Кардашијан, Крис, потполно го има сменето својот изглед со помош на многубројни естетски корекции. Американските магазини пишуваат дека таа сo бројните пластични операции сериозно си го загрозила здравјето, па дури и дека носот почнал да ѝ се навалува на едната страна.
Докторите затоа ја предупредиле Кардашијан сениор дека уште една пластична операција би можела да ѝ направи уште поголем проблем.
– Во текот на годините таа неколку пати го коригираше својот нос. Сите тие операции си го направија своето, а ако се подложи на уште една, може да заврши како Мајк Џексон и носот да ѝ се распадне – изјавил еден од хирурзите кои таа го консултирала за својот проблем.
Тој додал дека Крис сѐ повеќе време минува пред огледалото барајќи си „мани“ што ја доведува до тоа повторно да се одлучи да отиде под нож.
– Самата вели дека забежелува како се претвора во каша. Сѐ повеќе се нервира за тоа и не му дозволува на процесот на стареење нормално да се одвива на нејзиното лице – додал докторот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Нов хит кај пластичните хирурзи: Жените го бараат носот на Меган, но прават голема грешка
-
Сораја потрошила 19.000 евра за пластични операции – огромна разлика пред и по операциите (фото)
-
Го оперирал носот, си направил проблем со пенисот: Цигановиќ страда од неподносливи ерекции (ФОТО+ВИДЕО)
-
И таа има идол: Направила 13 пластични операции за да личи на Иванка Трамп