| четврток, 6 декември 2018 |

Двојазичноста дел од мегаалбанскиот проект

Што до­не­се дво­ја­зич­но­ста во до­ми­нант­но ал­бан­ски­те оп­шти­ни, која се­га Зо­ран За­ев и СДСМ се оби­ду­ва­ат да ја над­гра­дат во за­ме­на за ал­бан­ски­те гла­со­ви? Кон­цеп­тот што ме­сто со­жи­вот до­не­се па­ра­ле­ли­зам им го раз­ви ме­га­ал­бан­ски­от про­ект на Ал­бан­ци­те пред др­жав­на­та уни­тар­ност. Акту­ел­но­то оде­ње „пре­ку рам­ка­та“ го раз­не­би­ту­ва ка­ра­кте­рот на др­жа­ва­та пре­диз­ви­ку­вај­ќи без­бед­нос­ни ри­зи­ци

Сѐ по­че­сто ка­ко ар­гу­мент во ко­рист на дво­ја­зич­но­ста што ја тур­ка ли­дерс­тво­то на СДСМ на овие из­бо­ри во за­ме­на на под­др­шка од ал­бан­ски­те гла­со­ви се ко­ри­сти пра­ша­ње­то „А зо­што да не?“ Или, ка­ко што ве­ли За­ев, „Што гу­бам јас?“ Или ка­ко што се оби­ду­ва да се ре­ла­ти­ви­зи­ра ова пра­ша­ње на те­ле­ви­зи­и­те на до­ми­нант­но ал­бан­ски ја­зик „Зо­што би пре­чел па­то­каз кон Бу­га­ри­ја на ал­бан­ски ја­зик?“ Сѐ со цел да се на­пра­ви при­вид на кон­цепт на гра­де­ње гра­ѓан­ско оп­штес­тво.

Но, не мо­же да се до­ло­ви ви­стин­ска­та сли­ка што, всуш­ност, се крие зад ва­кви­от дво­ја­зи­чен кон­цепт, ако пр­во не се за­вр­ти обрат­но пра­ша­ње­то – што му пре­чи на кој би­ло ма­ке­дон­ски Ал­ба­нец со­о­бра­ќај­ни­те зна­ци да се на Ма­ке­дон­ски? Кол­ку еден со­о­бра­ќа­ен знак ќе ги ре­ла­кси­ра од­но­си­те во зем­ја­та? Или тој ќе до­ве­де до ме­ѓу­ет­нич­ко раз­би­ра­ње? Би­деј­ќи тоа е цел­та, ре­ла­кси­ра­ње на од­но­си­те, ме­ѓу­ет­нич­ка тр­пе­ли­вост, раз­би­ра­ње, со­жи­вот, ед­на­квост, це­ло­ви­тост, гра­ѓанс­тво…

От­ту­ка, од про­дол­же­ни­е­то на јав­на­та де­ба­та се оче­ку­ва­ат ви­стин­ски­те од­го­во­ри на пра­ша­ња­та: Кол­ку по­ве­ќе се раз­би­ра­ме од вре­ме­то ко­га се ба­ра­ше ви­со­ко обра­зо­ва­ние на ал­бан­ски ја­зик? Кол­ку се ре­ла­кси­ра­ни од­но­си­те ме­ѓу мла­ди­те со по­себ­ни гим­на­зии и уни­вер­зи­те­ти са­мо на ал­бан­ски ја­зик? До ка­де до­се­га до­бро­со­седс­тво­то во Стру­га, Ки­че­во, Те­то­во, па и во Ча­ир, Бу­тел и, осо­бе­но, во Ара­чи­но­во? Кол­ку по охрид­ска­та рам­ка и те­ри­то­ри­јал­на­та по­дел­ба, за­зе­ма­ње­то на Ки­че­во, Стру­га, Скоп­је има ви­стин­ско раз­би­ра­ње и дво­ја­зич­но гра­де­ње со­жи­вот?

akt223-znak-prilep

akt223-znak-strumica

По­на­та­му, кои се при­до­би­вки­те во ме­ѓу­на­ци­о­нал­ни­те од­но­си, во ре­ла­кси­ра­ње­то, во ко­му­ни­ка­ци­ја, со на­мер­но­то дво­е­ње на Ал­бан­ци­те во сво­ја ет­но­сре­ди­на на „за­зе­ме­на­та те­ри­то­ри­ја“, со си­те ин­сти­ту­ции, од обра­зов­ни до ад­ми­ни­стра­тив­ни и кул­тур­ни са­мо на ал­бан­ски ја­зик, со по­себ­ни ме­ди­у­ми, а осо­бе­но се вни­ма­ва ма­ке­дон­ски­от ја­зик и кул­ту­ра ни­ка­ко да не до­прат во тие сре­ди­ни?

Кол­ку се­то тоа што се ба­ра­ше ка­ко оп­ци­ја за „раз­би­ра­ње и ко­му­ни­ка­ци­ја“ се пре­тво­ри во за­тво­ра­ње во ед­но­на­ци­о­нал­на, ед­но­ја­зич­на сре­ди­на, со огром­на тен­ден­ци­ја во­оп­што да се не­ма ни­ка­ква ко­му­ни­ка­ци­ја со „дру­ги­те“, осо­бе­но не со Ма­ке­дон­ци­те? Ед­но­став­но, кол­ку де­ца на во­зраст до 15 го­ди­ни, гра­ѓа­ни на оваа др­жа­ва, ид­ни­на­та на мул­ти­ет­нич­ка Ма­ке­до­ни­ја, не зна­ат да ка­жат збор ма­ке­дон­ски во до­ми­нант­но ал­бан­ски­те оп­шти­ни?

Од­го­во­ри­те на овие пра­ша­ња им се до­бро поз­на­ти на си­те гра­ѓа­ни во Ре­пуб­ли­ка Ма­ке­до­ни­ја. Сли­ки­те од слу­чу­ва­ња­та на скоп­ско­то Ка­ле, на де­мо­ли­ра­ње­то на спо­ме­ни­кот на цар Ду­шан на мо­стот Око во Скоп­је, на оби­дот за по­ста­ву­ва­ње крст во оп­шти­на Бу­тел, се при­мер за тоа што пре­диз­ви­ка ва­ква­та ет­нич­ка по­дел­ба, а се на­до­вр­зу­ва­ат на ат­мо­сфе­ра­та на жи­во­тот на не­ал­бан­ци­те во до­ми­нант­но ал­бан­ски­те оп­шти­ни. Фа­кти­те што про­из­ле­гу­ва­ат од при­ме­ри­те што ка­ко од­го­вор се на­мет­ну­ва­ат на си­те овие пра­ша­ња се по­ра­зи­тел­ни.

akt223-butel-krst-alb

По­ра­зи­тел­но е тоа што се­та таа тр­го­ви­ја на СДСМ под пре­ве­зот на „пра­ва“, во до­бар дел на ал­бан­ска­та за­ед­ни­ца се до­жи­ву­ва ка­ко „осво­ју­ва­ње“, што ги над­гра­ду­ва раз­ли­ки­те ме­сто да се гра­дат за­ед­нич­ки­те це­ли и вред­но­сти. Ал­бан­ци пот­тик­на­ти од ва­кви­те по­ну­ди де­нес сѐ по­ве­ќе се пре­поз­на­ва­ат во ме­га­ал­бан­ски­от кон­цепт, ме­сто во Ре­пуб­ли­ка Ма­ке­до­ни­ја. Тој га­ло­пи­рач­ки­от ал­бан­ски на­ци­о­на­ли­зам де­нес е вид­лив за си­те, са­мо не за За­ев, за Ше­ке­рин­ска, за Пен­да­ров­ски, за Фрч­ко­ски, за зас­ле­пе­ни­те во омра­за­та кон ВМРО-ДПМНЕ.

Од­го­во­ри­те на си­те овие пра­ша­ња се, всуш­ност, ви­стин­ска­та сли­ка за зна­че­ње­то на из­бо­ри­те на 11 де­кем­ври, по кои ќе се знае да­ли Ре­пуб­ли­ка Ма­ке­до­ни­ја во след­на­та го­ди­на ќе трг­не кон из­ле­зот од кри­за­та, или со но­ви­те кон­цеп­ти ќе вле­зе во но­ви по­дел­би до не­по­врат.

akt223-znak-kavadarci

akt223-znak-rosoman

akt223-znak-ohrid

Оп­штин­ска по­ли­ција и дво­ја­зич­на ар­ми­ја

Дво­ја­зич­но­ста во без­бед­нос­на­та сфе­ра не мо­же да се гле­да од­дел­но од по­ну­да­та на СДСМ за пре­фр­лу­ва­ње­то на над­леж­но­сти­те на по­ли­ци­ја­та на ло­кал­на­та власт, ка­ко дел од дру­ги­те по­ну­де­ни над­леж­но­сти. По­ли­ци­ја­та, по де­фи­ни­ци­ја, при­па­ѓа под цен­трал­на­та власт во ед­на уни­тар­на др­жа­ва, па ва­кво­то пре­фр­лу­ва­ње на над­леж­но­сти­те е во­вед во кан­то­нал­но уре­ду­ва­ње. Оп­штин­ска по­ли­ција што ќе спро­ве­ду­ва сопс­твен ја­вен ред и мир и ќе се гри­жи за без­бед­но­ста, би бил не­по­вра­тен про­цес со ши­ро­ки пос­ле­ди­ци. Пред сѐ, пра­ша­ње на мо­мент е ко­га оп­шти­ни­те би од­би­ле да ја „зај­мат“ сво­ја­та по­ли­ци­ја на цен­трал­на­та власт во функ­ци­ја на за­шти­та на на­ци­о­нал­на­та си­гур­ност и без­бед­ност.

Од дру­га стра­на, це­ла­та по­ли­ци­ја ќе мо­ра да би­де дво­ја­зич­на. Со тоа, 12.000 се­га вра­бо­те­ни во МВР, од кои 6.200 уни­фор­ми­ра­ни по­ли­цај­ци, ќе мо­ра да ги зна­ат и ма­ке­дон­ски­от и ал­бан­ски­от ја­зик. Во спро­тив­но, не са­мо што би има­ло не­при­ли­ки во се­којд­нев­но­то функ­ци­о­ни­ра­ње, ту­ку би се со­о­чи­ле со гу­бе­ње на ра­бот­ни­те ме­ста.

А за тоа кол­ку е важ­но ор­га­ни­те за без­бед­ност да функ­ци­о­ни­ра­ат на еден ја­зик, не­о­дам­на по­со­чи­ја од ма­ке­дон­ска­та ар­ми­ја. Не са­мо што дво­ја­зич­но­ста се не­ги­ра со За­ко­нот за служ­ба во Ар­ми­ја­та на Ре­пуб­ли­ка Ма­ке­до­ни­ја, ка­де што во чле­нот 5 се на­ве­ду­ва де­ка служ­бен ја­зик во Ар­ми­ја­та е ма­ке­дон­ски­от ја­зик и не­го­во­то ки­ри­лич­но пис­мо, од АРМ пре­ду­пре­ду­ва­ат и на не­по­треб­ни те­шко­тии во из­вр­шу­ва­ње­то на се­којд­нев­ни­те во­е­ни за­да­чи. Од та­му ка­ко при­мер за тоа кол­ку е зна­чај­но за ед­на ар­ми­ја да функ­ци­о­ни­ра на еден единс­твен ја­зик се по­со­чу­ва на НА­ТО, ка­де што и на­ред­би­те и до­ку­мен­ти­те и ко­рес­пон­ден­ци­ја­та во ко­ман­да­та во али­јан­са­та се из­вр­шу­ва­ат иск­лу­чи­тел­но на еден офи­ци­ја­лен ја­зик, анг­ли­ски­от.

akt223-car-dusan-dui-muki-krsh

Си­те про­тив би­на­ци­о­нал­ни­от кон­цепт

На­мет­ну­ва­ње­то на дво­ја­зич­но­ста во це­ла др­жа­ва, кое не­ми­нов­но во­ди кон на­та­мош­на по­дел­ба, раз­гра­ни­чу­ва­ња , кан­то­ни­за­ци­ја и фе­де­ра­ли­за­ци­ја, ги воз­не­ми­ри и дру­ги­те на­ро­ди во Ре­пуб­ли­ка Ма­ке­до­ни­ја, кои отво­ре­но за­ста­наа про­тив кон­цеп­тот на би­на­ци­о­нал­на др­жа­ва.

Про­фе­со­рот Ѓу­лен Емин точ­но го по­со­чи проб­ле­мот, де­ка Охрид­ски­от рам­ко­вен до­го­вор не е ве­ќе рам­ка пре­ку ко­ја мо­же да се оди, ка­ко што ве­ту­ва За­ев, ту­ку „пра­ша­ње е да­ли ќе се оди пре­ку Уста­вот?“ И Ср­би­те во Ма­ке­до­ни­ја се спро­тив­ста­ви­ја на би­на­ци­о­нал­ни­от кон­цепт, а по­ли­тич­ки­от прет­став­ник Иван Сто­иљ­ко­виќ се на­до­вр­зу­ва де­ка „ако дој­де до ме­ну­ва­ње на Уста­вот, се­ка­ко тоа не­ма да би­де ми­рен про­цес“, а Са­де­тин Ша­ба­но­ски од Де­мо­крат­ска­та пар­ти­ја на Ро­ми­те по­ра­ча де­ка ни­ед­на дру­га ет­нич­ки за­ед­ни­ци не се сог­ла­су­ва со дво­ја­зич­но­ста пре­поз­на­вај­ќи во неа „при­ви­ле­ги­ја са­мо за Ал­бан­ци­те“, кои не се единс­тве­ни­те во оваа мул­ти­кул­тур­на др­жа­ва.

Пишува: Наум Стоилковски
(Текст објавен во 223. број на неделникот „Република“, 9.12.2016)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top