Поранешниот репрезентативец и капитен на Хрватска, Дарио Срна ги почна преговорите за премин во еден од најголемите европски клубови, Барселона.
Оваа информација денеска ја потврди и тренерот на Шахтјор, Паоло Фосека, кој открива дека трансферот на Срна во Барса е речиси завршена работа.
– Знам дека Барселона го посакува и јас не можам да одлучам за тоа. Срна е врзан за клубот и се надевам дека нема да го напушти, но трансфер во Барса не се одбива така лесно – вели Фосека.
Исто така, тамошните медиуми пишуваат дека 34-годишниот десен бек нема да пропушти ваква шанса и во наредните денови ќе го официјализира трансферот на кариерата. Срна цели 13 години го носи дресот на украинскиот гигант, за кого настапи на 319 натпревари постигнувајќи 33 гола, а по завршувањето на ЕП во Франција се прости од дресот на Хрватска.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.