Вие сте град и земја на која им се восхитувам многу. Држава во која се слуша и почитува гласот на народот, истакна вечерва во Бутел Мишел Воисин пратеник во национално собрание во Франција над 28 години и шеф на француската делегација на парламентарно собрание на ОБСЕ
-Ја прочитав програмата која ја предлага ВМРО-ДПМНЕ. Сосема ја поддржувам иако се работи за еден долгорочен труд. Секако дека се заснова на вредностите, ова програма е заснована врз база на еден биланс на кој може да ви позавидат многу земји во светот. Вие сте прва замја во светот која има најниска стапка на даноци и би сакал тоа да остане што е можно подолго. Вие сте една од 10-те земји во светот каде јавниот долг е помал од 50 проценти од БДП. Една земја како Франција може да ви завидува на тоа. Може да ви позавидиме и за тоа што невработеноста за десет години е падната за 14 проценти. Браво за вас- посочи Воисин.
Тој додаде дека ВМРО-ДПМНЕ и Македонија ја имаат целосната поддршка од републиканската партија на Франција за што побрз влез на земјата во ЕУ и НАТО.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.