| четврток, 6 декември 2018 |

Може да биде дедо: Мик Џегер осми пат стана татко!

Иако има веќе седум деца на возраст од 17 до 45 години, а во 2014 година стана и прадеди, кога се породи неговата внука Асиси, тоа не го спречи легендарниот Мик Џегер да го прошири семејството.

Британецот и водачот на „Ролинг стоунс“ денеска стана татко по осми пат иако има 73 години. Неговата девојка, 29 -годишната американска балерина Мелани Хамрик, се породи во Њујорк.

Во соопштението на претставникот на Џегер се наведува дека „мајката и таткото се пресреќни“  дека Мик присустувал на породувањето во болницата.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top