30-годишниот Албанец од Скопје се самозапалил, бидејќи исландските власти сакале да го вратат во Македонија, откако негово барање за азил било одбиено, велат други Албанци кои се во истиот бегалски камп. Тој се здобил со сериозни изгореници при обидот да се самоубие.
Според информациите од Директоратот за имиграција, ако барателот биде одбиен за азил, ризикува да биде депортиран и да добие забрана за повторен влез од најмалку две години и таа забрана важи за сите 26 европски земји од Шенген зоната, не само за Исланд.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.