| четврток, 6 декември 2018 |

Фантастичен потег на управата на Барса, следното лето на „Камп Ноу“ ќе гостува Чапекоенсе

barsa-i-real

Чапекоенсе добива поддршка од сите страни по трагичната несреќа во која животите ги загубија речиси сите фудбалери на бразилскиот клуб. Шпанскиот првак Барселона денеска објави дека испратила и официјална покана до раководството на Чапекоенсе, за овој клуб следното лето да биде специјален гостин на „Камп ноу“ како дел од „Гампер купот“.

Каталонците вообичаено ги менуваат противниците секоја година на овој ревијален натпревар, а желба на сите во Барселона е во 2017 на „Камп ноу“ да истрча тимот на Чапекоенсе.

– Сакаме да им искажеме почит на жртвите на оваа авионска несреќа и на нивните семејства. Гампер купот во 2017 година е идеаленна можност, испративме покана до Чапекоенсе бидејќи сакаме да помогнеме во повторното раѓање на овој клуб – соопштија од раководството на Барса.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top