Кога не победува на тениските терени Ана Ивановиќ (29) привлекува внимание, главно со убавината. Годинава на заминување помина во знак на повреди на зглобот и стапалото, но затоа имаше среќа во љубовта. Се омажи за поранешиот капитен на германската фудбалската репрезентација, Бастијан Швајнштајгер, а во интервју за италијанските медиуми, зборува за родителите, растењето, кариерата.
Некогашниот рекет број еден вели дека безрезервната поддршка од семејството многу и значела. Таа како и повеќето тинејџери го живеала стресниот период на 90 тите години. Меѓутоа тоа не и пречело вредно да учи и тренира.
-Како дете бев многу срамежлива. Не се чувствував пријатно ниту во градинка, ниту на училиште. Бев бубалица и никој не сакаше да се дружи со мене. Како тинејџерка бев многу досадна. Луди работи не правев никогаш и не одев на часови неподготвена – рекла Ана.
Таа оваа година се омажи за германскиот фудбалер Швајнштајгер. Како што вели ќе го следи примерот на родителите ако еден ден би морала да се подреди себеси, заради кариерата на детето.
-Секако дека ќе бидам како моите родители. Се надевам дека детето нема да избере да се занимава со тенис, затоа што таа кариера е напорна и тешка, без нормално детство- додала Ивановиќ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.