| четврток, 6 декември 2018 |

Го фати Роналдо и остана без работа

Пред две нели Георгина Родригез, беше уловена во друштво на Кристијано Роналдо, а од тој детаљ целосно го промени нејзиниот живот. Некогаш непознатата девојка веднаш почнаа да ја следат папараци, а откако дознаа дека работи во бутик на Гучи во Мадрид, со денови ја чекаа за да направат ексклузивна фотографија.

georgina-rodrigez-ronaldo-devojka-2

Како што пишуваат шпанските медиуми, тоа воопшто не им се допаднало на нејзините шефови, па веднаш и врачиле отказ. Роналдо се обидел да го искористи својот авторитет и на својата девојка да и најде нова работа. Тој наводно ги искористил контактите со брендот Прада и се очекува неговата девојка да добие ново работно место.

Роналдо и Георгина се запознале во Мадрид на една промоција на Долче и Габана, а нивната врска наводно трае веќе неколку месеци.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top