Основниот суд Скопје 2 го одбил барањето за забрана за спроведување на одлуката за самостоен настап на изборите како неосновано, соопшти Левица.
Партијата Левица денеска преку својот фејсбук профил соопшти дека Основниот суд Скопје 2 го одбил барањето за забрана за спроведување на одлуката на Левица за самостоен настап на изборите како неосновано. Ова, како што соопштуваат од партијата, е уште еден правен пораз да се оневозможи учеството на Левица на предвремените парламентарни избори.
„Основниот суд Скопје 2 го одби барањето на инфилтраторите за забрана за спроведување на легитимната одлука на Левица за самостоен настап на изборите, како неосновано! Ова е уште еден правен пораз на обидот на некои инсајдери и саботери да се оневозможи учеството на Левица на предвремените парламентарни избори. Согласно приложеното, јасно се гледа дека одлуката е статутарна и легална, уште повеќе донесена во демократска постапка, изгласана од мнозинството членови на Централниот комитет“, соопштуваат од партијата.
Левица порачува дека не потклекнува пред овие обиди за саботажи и замешателства, досега невидени во политичката историја на Македонија.
Левица со својата креативна кампања ќе успее да стане парламентарна партија и да се бори за интересите на најзагрозените категории во нашето општество.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Левица: Работниците од прилепски „Еурокомпозит“ повторно изиграни од Владата
-
Апасиев: Многу послушнички предавства подоцна се казнети
-
Левица: Македонија доби ултиматум в година да затропа на вратата на НАТО како северномакедонска диполоматија
-
Заев доби кривична пријава за загрозување на уставниот поредок