| четврток, 6 декември 2018 |

Груевски: Победата на ВМРО-ДПМНЕ е победа на Македонија и сите граѓани

grujo

ВМРО-ДПМНЕ ќе има победа на 11 декември, но е многу важно за да заврши кризата, да не можат да ја пролонгираат кризата и малтретирањето на сите граѓани , ВМРО-ДПМНЕ да има убедлива победа со 63 пратеници, рече вечерва во Ѓорче Петров, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски и носител на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „ За подобра Македонија“ во ИЕ 4.

-Затоа да ставиме крај на сите уцени и да испратиме порака до сценаристите на Заев дека не можат да најдат еден или двајца политичари и да се договорат со нив и овде во оваа држава да прават се што сакаат и со овој народ.  Дека тоа овде во Македонија не го бива и приказната за редефинирање на државата да пројде помеѓу 2 милиони слободоумни граѓани кои се навикнати на демократија и кои знаат дека тие се газда на државата. И да ставиме крај на сите апетити, манипулации, малтретирања што ги прави Заев. Тој повеќе троши енергија за да создаде гнев и раздор меѓу нас, наместо да обмисли некој суштински проект кој ќе им го подобри стандардот на граѓаните, рече Груевски.

Посочи дека победата на ВМРО-ДПМНЕ нема да биде само победа на партијата, тоа ќе биде победа на Македонија и на сите граѓани.

Груевски упати порака и за сите оние кои размислуваат да гласаат за Заев, дали и им личи на човек на кој може да се потпрат и да му веруваат.

– Тој се обидува да внесе гнев, но нема да успее народот ќе гласа со разум, нема да дозволи еден таков човек со една банда околу него да го прокоцка сето тоа што го градевме со години, истакна Груевски.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ наброи низа на проекти кои ги реализираше владата предводена од него.

-Се намали невработеноста, се отворија 160.000 нови работни места. Денес само во Скопје и скопскиот регион имаме присуство на околу 45 нови странски компании кои имаат вработено повеќе од 3.400 луѓе, а нивните планови се дека ќе се отворат уште 8500 нови работни места. Луѓето се навикнаа дека секоја недела доаѓа по една инвестиција. Заборавија на времето на СДСМ кога само се затвораа фабриките и се отпуштаа од работа. Запленија капитал над 5 милијарди. Растеа и пензиите, растеше и извозот. Во најтешко време на светска криза најдовме евтини кредитни линии да им овозможиме на домашните комапни евтини кредити, овозможивме легализација на дивоградби, еднократен отпис на долгови, 10 пати поевтинија цените на лековите, се изгради националната арена Филип Втори, се реновираа училишта, истакна  Груевски.

Посочи дека има многу преокти за граѓаните и во новата програма „Реално“ на ВМРО-ДПМНЕ.

-Во новата програма ветуваме 70.000 нови работни места за 4 години,  рурални развојни зони, 100 милиони евра да се репласираат за македонските компании, 140 детски градинки, спортски сали, нови училишта, вработување на најдобрите студенти, Купи куќа за млади до 35 години, субвенции за греење со пелети, субвенционирање на плински систем во автомобилите, субвенции за електрично возило, полека ќе се менува возниот парк за да имаме почист воздух, рече Груевски.

Тој посочи дека владата на ВМРО-ДПМНЕ многу има направено и за граѓаните на Ѓорче петров.

-Во Ѓорче, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ од 2006 година до 2016 создаде нови 4300 работни места. Во 2006 во Ѓорче имаше вработени 4.315 луѓе, денес 8.669 вработени лица. Во Ѓорче невработеноста е намелена за над 43%. Така работиме ние, истакна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top