| четврток, 6 декември 2018 |

Општина Студеничани доби нов асфалтен пат

Патот во употреба го пуштија претседателот на Скопскиот плански регион и градоначалник на општината Ѓорче Петров Сокол Митровски и градоначалникот на општина Студеничани Азем Садики

Завршена е третата фаза од реконструкцијата на пристапниот пат Драчево–мотел „Китка“ во должина од 530 метри. Носител на проектот е Центарот за развој на Скопскиот плански регион, а средствата во висина од 2.849.650 се обезбедени од Министерството за локална самоуправа, Бирото за регионален развој и од општина Студеничани, како партнер на проектот.

Патот во употреба го пуштија претседателот на Скопскиот плански регион и градоначалник на општината Ѓорче Петров Сокол Митровски и градоначалникот на општина Студеничани Азем Садики.

Предвидено е пристапниот пат да се реконструира во фази, каде ќе се направи непрекината целина која почнува од Пеленица, населба Драчево до Спортско-рекреативниот центар мотел Китка. Овој патен правец ги поврзува селата Пагаруша, Вртекица, Долно Количани, Горно Количани, Црвена Вода, Алдинци-општина Студеничани, селото Палиград-општина Зелениково и манастирот во Пеленица, општина Кисела Вода.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top