Заедницата на Македонци од Данска на неколку дена пред завршувањето на изборната кампања реагира на според нив, „крајно кукавичката и поразителна кампања на опозициската коалиција предводена од СДСМ“.
-Со огромно разочарување ги следиме срамните јавни настапи на господинот Заев на митинзите на СДСМ дека не се залага за федерализација и дека нема да го промени Уставот на Р. Македонија, а во исто време на повеќе настапи по национални и странски телевизии, како и на средби со албанската дијаспора, јавно заговара промена на Уставот, двојазичност на целата територија на Република Македонија како и федерализација на нашата татковина – велат Македонците од Данска.
Во предвечерието на овие референдумски избори, нагласуваат тие, македонскиот граѓанин е повторно пред големо искушение за зајакнување на нашиот интегритет и суверенитет и по којзнае кој пат повторно гордо ќе се справи со нашите домашни предавници и странски емисари. Македонската дијаспора како нераскинлив дел од македонското ткиво, категорично се спротивставува и ќе се спротивставува во иднина на секој обид за федерализација и кантонизација на Република Македонија.
-Македонија и после овие тешки искушенија повторно ќе се надкрене уште посилна давајќи им до знаење на сите домашни и странски непријатели дека сме поминале и уште потешки времиња од ова и дека секогаш сме опстојувале. За Македонија се работи – порачуваат Македонците од Данска.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Влада на РМ: Груевски ќе ја отслужи казната во Република Македонија
-
ВМРО-ДПМНЕ: Владата во изминатава година и половина не покажа ништо друго освен криминал
-
ВМРО-ДПМНЕ: Пендаровски го повикува на референдум народот што го нарекуваше стока
-
МВР: Дел од демонстрантите употребија распрскувачки средства и насилно ја турнаа заштитната ограда