| четврток, 6 декември 2018 |

Заедница на Македонци од Данска: Крајно кукавичка и поразителна кампања на опозицијата

Македонската дијаспора како нераскинлив дел од македонското ткиво, категорично се спротиставува и ќе се спротиставува во иднина на секој обид за федерализација и кантонизација на Република Македонија, се вели во соопштението од Заедницата на Македонци од Данска

Заедницата на Македонци од Данска на неколку дена пред завршувањето на изборната кампања реагира на според нив, „крајно кукавичката и поразителна кампања на опозициската коалиција предводена од СДСМ“.

-Со огромно разочарување ги следиме срамните јавни настапи на господинот Заев на митинзите на СДСМ дека не се залага за федерализација и дека нема да го промени Уставот на Р. Македонија, а во исто време на повеќе настапи по национални и странски телевизии, како и на средби со албанската дијаспора, јавно заговара промена на Уставот, двојазичност на целата територија на Република Македонија како и федерализација на нашата татковина – велат Македонците од Данска.

Во предвечерието на овие референдумски избори, нагласуваат тие, македонскиот граѓанин е повторно пред големо искушение за зајакнување на нашиот интегритет и суверенитет и по којзнае кој пат повторно гордо ќе се справи со нашите домашни предавници и странски емисари. Македонската дијаспора како нераскинлив дел од македонското ткиво, категорично се спротивставува и ќе се спротивставува во иднина на секој обид за федерализација и кантонизација на Република Македонија.

-Македонија и после овие тешки искушенија повторно ќе се надкрене уште посилна давајќи им до знаење на сите домашни и странски непријатели дека сме поминале и уште потешки времиња од ова и дека секогаш сме опстојувале. За Македонија се работи – порачуваат Македонците од Данска.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top