| четврток, 6 декември 2018 |

Зидан: Специфична е ситуацијата со Џејмс, но ќе се обидам да му помогнам

zidan

Фудбалерот на Реал Мадрид, Џејмс Родригез, нема голема минутажа во последниот период и се засилија шпекулациите за негово заминување од тимот од Мадрид. Стратегот на „кралевите“, Зинедин Зидан призна дека неговата ситуација е проблематична и ќе се обиде да му помогне во иднина.

– Знам дека состојбата со Џејмс е проблематична. Тој е достапен како и сите играчи и не постојат несогласувања. Тој е играч на Реал Мадрид и е многу важен за тимот. Знам дека во последниот период тој игра малку, но ќе се обидам да му помогнам – истакна Зидан.

Колумбиецот дојде во Реал Мадрид во 2014 година од редовите на Монако за сума од 80 милиони евра, но засега не покажа игри според очекувањата на раководството на „кралевите“.

Најзаинтeресирани за неговите услуги се челниците на ПСЖ, а мегапонуда за ангажман на Колумбиецот подготвува и раководството на Интер.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top