Трендовите во светот на маникирот се динамични исто како и во модата. Маникирот денес сѐ почесто е начин на кој се изразуваат особеноста и стилот. Следуваат бои на лакови кои се модерни оваа зима.
Бордо
Оваа нијанса никогаш не излегува од мода. Темните нијанси секогаш се модерни во зима. Одлично се комбинира со волнени парчиња облека или со кадифе.
Темносина
Ова нијанса совршено изгледа навечер. Ова е една од најтрендовските нијанси сезонава. На вас останува да се одлучите за мат или за сјај нијанса.
Крем-боја
Ако повеќе сакате светли нијанси, тогаш крем-бојата е за вас. Изгледа дискретно и женствено. Нема да погрешите никогаш со оваа боја.
Сива
Сивата е актуелна боја за зима и изгледа одлично во сите нијанси. Совршено се вклопува во топлите изгледи.
Темновиолетова
Ова е бојата која е во тренд во облеката. Темновиолетовата е идеална за оние што сакаат впечатливи бои.
Темнозелена
Оваа боја е за оние што сакаат драстична промена од топлите тонови.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.