| четврток, 6 декември 2018 |

Кои бои на лакови за нокти ќе бидат во тренд оваа зима?

Средени и налакирани нокти на рацете се убав украс и, дефинитивно, плус за секоја модна комбинација

Трендовите во светот на маникирот се динамични исто како и во модата. Маникирот денес сѐ почесто е начин на кој се изразуваат особеноста и стилот. Следуваат бои на лакови кои се модерни оваа зима.

Бордо

tumblr_nzl55ouldi1ul9g2fo1_500

Оваа нијанса никогаш не излегува од мода. Темните нијанси секогаш се модерни во зима. Одлично се комбинира со волнени парчиња облека или со кадифе.

Темносина

2015-09-hit_lakovi_za_nokte_moderne_boje_za_manikir_jesen_2015_aps_383548014

Ова нијанса совршено изгледа навечер. Ова е една од најтрендовските нијанси сезонава. На вас останува да се одлучите за мат или за сјај нијанса.

Крем-боја

Ако повеќе сакате светли нијанси, тогаш крем-бојата е за вас. Изгледа дискретно и женствено. Нема да погрешите никогаш со оваа боја.

Сива

Сивата е актуелна боја за зима и изгледа одлично во сите нијанси. Совршено се вклопува во топлите изгледи.

Темновиолетова

files

Ова е бојата која е во тренд во облеката. Темновиолетовата е идеална за оние што сакаат впечатливи бои.

Темнозелена

Оваа боја е за оние што сакаат драстична промена од топлите тонови.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top