| четврток, 6 декември 2018 |

Сите градови ќе добијат бесплатен интернет

Државите членки на Европската унија веќе дадоа поддршка на иницијативата наречена „WiFi4EU” која подразбира бесплатен пристап на интернет на ви-фи мрежите во градовите и селата.

Поддршката на иницијативата следеше неполни три месеци откако претседателот на Европската комисија Жан Клод Јункер го претстави планот со кој телата на локалните власти во ЕУ им овозможи на граѓаните во градовите и селата да им понуди бесплатен пристап на ви-фи мрежите.

Првиот повик за поднесување на проектни предлози се планира до летото 2017 година, а сите тела на локалните власти во ЕУ ќе може да се пријават за добивање ваучери за да понудат висококвалитетен пристап на интернет во своите паркови, продавници, јавни згради и книжарници.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top