Во новата програма на ВМРО-ДПМНЕ предвидуваме комплетна реконструкција на сите амбуланти во градот Скопје кои се во рамки на Здравствениот дом во Скопје, изјави носителот на ИЕ 2 Никола Тодоров.
Подвлече дека проектот е во вредност од 200 милиони денари.
-Предвидуваме комплетно нова амбуланта во Ѓорче Петров. Амбулантата во Ѓорче Петров е дотраена и стара и нема посериозни реновирања од моментот кога е изградена и имајќи ја предвид многу лошата инфраструктурна состојба во која се наоѓа амбулантата решивме во новата програма да предвидиме комплетно нова амбуланта. Со програмата се предвидува и зголемување на додатокот за деца со пречки во развојот, и тоа за 20% во период од 4 години. Првото зголемување ќе биде 10% во 2018 година, а второто зголемување исто од 10% во 2020 година – рече Тодоров.
Додаде дека се предвидува и зголемување на еднократната парична помош за децата без родители, и тоа зголемување за 50%, па од досегашните 180.000 денари на 270.000 денари.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Тодоров: Со паралелниот увоз на лекови беше разбиен монополот, не е точно дека лековите не се квалитетни (видео)
-
Тодоров отвори адвокатската канцеларија, ќе се посвети на адвокатурата
-
Пиштолот со кој Љупчо Стојановски пукаше во Тодоров даден на вештачење, не се знае како го набавил
-
Груевски и Тодоров разговaрaa по обидот за атентат