| четврток, 6 декември 2018 |

Со години беше пеколен затвор, сега ќе биде дом на стриптизети

­

fricl

„Куќата на стравот“ во Амштетен, во Австрија, во која Јозеф Фрицл 24 години ја држел својата ќерка затворена, сексуално ја злоупотребувал и и направил седум деца, е продадена на сопругата на сопственик на стриптиз барови.

Херберт Хоуска, сопственик на локалното кафуле „Статбраухоф“ изјави дека таа недвижнина ја купила неговата сопруга, задно со руски партнер. Хоуска е сопственик на го­го клубови и стриптиз барови, така што во куќата на Фрицл ќе бидат сместени стриптизети. Куќата, како што најави ќе биде санирана и во неа ќе бидат направени станови, во кои ќе биде сместен персонал. ­

-Време е конечно да се стави крај на ова здание – порача Хоуска.

Злосторството, кое влезе во австриските, но и светските криминалистички анали, е откриено во 2008 година, а Фрицл една година подоцна е осуден на доживотна казна затвор, како и на сместување во установа за психички пореметени криминалци. Подрумот во кој Фрицл ја држел својата ќерка е забетониран во 2013 година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top