| четврток, 6 декември 2018 |

Лука Модриќ влегува во друштвото на неплаќачи на даноци!

luka modric

Хрватскиот репрезентативец и член на Реал Мадрид, Лука Модриќ избегнувал да плаќа данок според шпанскиот весник „Ел Мундо“ и се наоѓа под истрага на шпанските власти. Маркетиnг правата Модриќ ѝ ги продал на компанија од Луксембург, избегнувајќи да пријави дел од приходите за 2013 и 2014 година.

Пред неколку дена новинарите на овој весник објавија дека и Кристијано Роналдо избегнувал да плаќа данок во Шпанија, па сокрил 150 милиони евра во земји каде данокот е со помала стапка.

Шпанскиот судија Артуро Замариего му забрани на весникот да ги објавува овие документи за како што рекол „да биде сочувана приватноста на фудбалерите“. Затоа неизвесно е дали овие документи може да се користат на суд.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top