На четири дена до крајот на изборната кампања денеска партиите и коалициите кои учествуваат на предвремените парламентарни избори продолжуваат со презентација на нивната изборна програма пред граѓаните.
Коалицијата „За подобра Македонија” предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе одржи митинзи во Берово и Делчево, а Коалицијата „За живот во Македонија” ќе има митинг во Крива Паланка и Куманово.
Со програмата и со кандидатите за пратеници на Левица ќе се запознаат жителите на Центар, а изборниот караван на Коалицијата за промени и правда, предводена од Демократскиот сојуз ќе го посети Куманово, а попладне ќе одржи митинг во „Жена-парк“ во Скопје.
Коалицијата Алијанса за Албанците според нивната изборна агенда ќе ја претстави изборната програма на митинг во Тетово.
Пред граѓаните во текот на денот ќе биде претставена изборната програма и од страна на носителите на кандидатски листи за пратеници.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.