Македонски ора и македонска музика како загревање за НБА натпреварот Детроит Пистонс и Орландо Меџик, објави Религија.мк.
Македонската културно-уметничка група Танец, што работи во составот на Македонската православна црква, „Раѓање на Пресвета Богородица“ во Детроит САД ги забавувала гостите и навивачите на двата НБА-клуба, пред вчерашниот натпревар во светски познатата спортска сала Палас во Детрот.
Неовообичаениот настап на танцовата груп бил проследен со воодушевување, особено од кореографијата на македонски ора.
-Тие се наши вистинските културни амбасадори на нашата држава Македонија, велат од МПЦ во САД.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.