| четврток, 6 декември 2018 |

Ако добиете повик од овој број на Вибер никако не се јавувајте

Веќе подолг период корисниците на Вибер се жалат дека добиваат позиви од бројот +266696687, а сега е откриено и што може да ви се случи ако се јавите на овој број.

Имено, многумина верувале дека  повикувачкиот број +2 означува повици од Австралија, но експертите истакнуваат дека доколку се јавите на горе споменатиот број, хакерите доста лесно може да следат се што правите на Вибер.

Тоа значи дека може да добијат пристап до вашите пораки, фотографии и видео –снимки кои ги разменувате со пријателите, а исто така  и аудио и видео – повиците.

Постојат и информации дека овој број го користи познатата хакерска група Anonimusi.

На корисниците им се советува никако да не се јавуваат на непознати броеви на Вибер.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top