| четврток, 6 декември 2018 |

Народни верувања: Ако на Воведение паѓа дожд – наредната година ќе биде родна, ако дува силен ветер…

Православните верници вчера го чествуваа Воведението, односно воведувањето на света Богородица како тригодишно девојче во храмот.

Според народните верувања, каков ќе биде денот на празникот, таква ќе биде и целата наредна година.

Старите кажуваат: „Ако на Воведение паѓа дожд – наредната година ќе биде родна. Ако дува силен ветер – ќе биде неродна. Ако времето биде сончево и убаво – таква ќе биде и следната година“.

Судејќи по тоа што вчера имавме сонце иако беше со „заби”, таква ќе ни биде и 2017 која ни е пред прагот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top