Православните верници вчера го чествуваа Воведението, односно воведувањето на света Богородица како тригодишно девојче во храмот.
Според народните верувања, каков ќе биде денот на празникот, таква ќе биде и целата наредна година.
Старите кажуваат: „Ако на Воведение паѓа дожд – наредната година ќе биде родна. Ако дува силен ветер – ќе биде неродна. Ако времето биде сончево и убаво – таква ќе биде и следната година“.
Судејќи по тоа што вчера имавме сонце иако беше со „заби”, таква ќе ни биде и 2017 која ни е пред прагот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.