| четврток, 6 декември 2018 |

ЦАС ја одби жалбата на Блатер, останува под суспензија шест години

sep blater

Сеп Блатер во следните шест години не смее да извршува било каква функција поврзана со фудбалот, откако екс-претседателот на ФИФА денеска ја загуби и жалбената постапка пред Спортскиот суд за арбитража (ЦАС). Швајцарецот претходно заработи ваква казна поради кршење на кодексот на етика, поради исплатата на 1,3 милиони фунти на Мишел Платини.

И Блатер и Платини тврдеа дека не сториле ништо лошо, но двајцата во меѓувреме беа сменети од претседателските функции во ФИФА и УЕФА. Блатер во жалбата до ЦАС не бараше намалување на казната, туку нејзино укинување, што денеска и официјално беше отфрлено од страна на Судот.

– За префрлените пари не постоел никаков договор, туку станувало збор за подарок, што е недозволиво. Одлучено беше дека изречената казна воопшто не е непропорционална со престапот, како што тврдеше Блатер – објавија од судот во Лозана.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top