Ноќеска во 00.21 часот во ЕИК Скопје, Ф.Ф. (55) од Скопје пријавил дека на ул. „Христијан Тодоровски Карпош“, од страна на три непознати лица било опожарено неговото патничко моторно возило „aуди“ со скопски регистарски ознаки.
Сторителите откако биле забележани од пријавителот избегале од местото на настанот. Пожарот бил локализиран од сопственикот и соседите.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и за целосно расчистување на случајот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.