| четврток, 6 декември 2018 |

Иванка му пркоси на својот татко: Јавно се спротивстави на политиката на Трамп

ivanka

Иванка, најстарата и, според многумина, омилена ќерка на Доналд Трамп, која му беше една од клучните соработници во капмањата, очигледно не се согласува во сѐ со својот татко. Таа сака да стане амбасадор во борбата против климатските промени и покрај тоа што нејзиниот татко во неколку наврати изјави дека климатските промени „се измислица преку која се влијае на американскиот пазар“.

– Иванка, 35-годишната ќерка на Трамп, бара начин како да ја искористи својата позиција и да се заложи за заштита на околината – изјавил извор за весникот „Политико“.

Од друга страна, нејзиниот татко во кампањата најавил дека ќе ја повлече Америка од парискиот договор за климатски промени, кој го потпишаа 195 земји, а неговиот став за проблемите со глобалното затоплување научниците го оценуваат како „катастрофален за човештвото“.

Сепак, откако беше избран за претседател, од таборот на Трамп доаѓаат се повеќе сигнали дека тој би можел да ја ублажи својата политика за климатските промени.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top