Ти решаваш за себе. За себе и своето семејство. За сопругот и сопругата и за децата. За твоите мајка и татко, за баби ти и дедо ти, за внуците. И кога решаваш, помисли и на твоите стари, и на оние кои одамна не се со нас, но и на оние кои допрва треба да живеат овде. Јазикот е нашата татковина, велеше Блаже Коневски, истакна вчеравечер Никола Груевски лидер на ВМРО-ДПМНЕ и носител на листата во ИЕ 4 од големиот митинг одржан во Струмица.
– Затоа гласај. Кажи му и на твојот сосед, пријател, соселанец и сограѓанин, на другарите од маало, на друштвото од средно, оние на клупите и на стадионите, во салите и фабриките, по пазарите и нивите, во зградите и куќите, дека на 11-ти декември е денот. Потчукни ги по рамото, прегрни ги, кажи им доаѓа денот! Ова е вашата Македонија! Сите вие одлучувате! Вашиот ден. Нашиот ден. Кога ќе се слави повторно, кога Македонија ќе победи заедно со вас, со сите вас. Денот заради кој еден ден ќе бидат горди да кажат – Да! И јас бев делот од таа генерација која покажа како се сака Македонија! Дел од оние кои го победија мрачното сценарио за редефинирање на државата. Дел од храбрите и горди Македонци и граѓани на Македонија кои рекоа едно големо НЕ на оние кои го спроведуваат и стојат зад ова. Слободно, демократски, фер. Без притисок, убеди го во аргументите и разбуди ја вербата во него. Ако ја имаме да ја разбудиме, ако ја немаме да ја создадеме, велеше Гоце Делчев. И без страв, затоа што тебе никој не те исплашил нити пак може да те исплаши. Ти си дел од огромното мнозинство. Овој глас нека се пренесе низ целата наша држава. Од Струмица до Скопје, од Крива Паланка до Дебар, од Охрид до Куманово, Велес, Битола, Штип, Гевгелија…нека се пренесе гласот на победата. Гласот на вербата во Македонија! Спомените и плановите за напредок и успеси. Нека се пренесе гласот силно и отсечно, гордо и стамено. Тоа е гласот на нашиот народ кој си ја сака својата држава, потенцираше лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Груевски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Судот одреди 30 дена притвор за Груевски и во случајот ,,Титаник‘
-
Унгарската влада за „Макфакс“: Му дозволивме на Груевски да побара азил од безбедносни причини бидејќи беше премиер
-
На комисија изгласано одземање на мандатот на Груевски, конечната одлука на пленарна седница
-
Актерите од „Забрането смеење“: Публиката да се впушти во една театарска авантура