| четврток, 6 декември 2018 |

Петар Грашо: Jас и Даниела нема да се земеме

13

Познатиот хрватски пејач Петар Грашо открил зошто тој и неговата партнерка Даниела Мартиновиќ нема да застанат пред олтар. Тие се во стабилна врска веќе неколку години, а јавноста и новинарите често знаат да ги запрашаат кога ќе ја заверат со брак.

Сепак, Грашо на разочарување на многумина изјавил дека немаат во план такво нешто и дека се задоволни таму каде што се сега.

– Формата брак нема да ни помогна. Може дури и да ни попречи. Живееме во едно стабилно, убаво темпо и мислам дека не е важно дали сме во официјален брак или не. Тоа не менува ништо во одност помешу луѓето. Ние имаме рок на траење, а љубовта нема и ние одлучуваме дали на љубовта ќе и кажеме чао или не. Еден лист хартија нема ништо да промени во таа ситуација, изјавил Грашо за Ин Магазин.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top