По примерот на светските ѕвезди, познатата српска пејачка откри дека ако таа не може на својот сакан да му роди дете, тоа ќе го нарават со сурогат мајка.
– Јас многу сакам да останам бремена бидејќи тоа е незаменливо чувство. Мислам, да носиш свое дете во стомакот, да го осетиш како се мрда, да го чекаш девет месеци… Тоа е нешто драгоцено, вели пејачката Гоца Тржан.
Таа открива дека со сопругот Раша разговарале за сурогат мајка и дека останува за нив реална опција доколку таа не остане трудна.
– Ако не се случи тоа кај мене, тогаш ќе најдеме некоја млада фина жена која ќе го носи нашето дете, а потоа ќе си го земеме. Јас имам години кои се комплицирани за бременост, а сакам уште едно дете. Знаете како се вели, не се родители оние кои ќе го направат и донесат на свет, туку оние кои ќе го одгледаат и ќе му до дадат целото внимание и љубов, искрено и отворено открива Гоца.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Кој ја расплака Гоца Тржан? (видео)
-
Гоца Тржан неутешна: Како да се збогувам со некој што не можам да го пуштам?
-
Не можела да остане трудна по природен пат: Гоца отишла на вештачко оплодување, но и тоа не успеа
-
Гоца Тржан со бизарна новогодишна честитка: 2017 ја испраќам со удрен автомобил зашто на автопат удрив кутро куче!