Јужноамериканскиот фудбалски сојуз – КОНМЕБОЛ, ќе го прогласи бразилскиот прволигаш Чапекоенсе за почесен победник на купот Судамерикана во кој тие требаа да играат во финалето. По трагичната авионска несреќа во Колумбија во која загинаа 19 фудбалери на клубот и поголемиот дел од стручниот штаб, нивниот противник, Атлетико Национал, достави предлог трофејот да му биде доделен на Чапекоенсе, а фудбалскиот сојуз тоа го прифатил.
– КОНМЕБОЛ го прифаќа предлогот Чапекоенсе да биде прогласен на победник на купот Судамерикана. За оваа одлука ја имаме поддршката од сите фудбалски сојузи, и тоа бразилскиот, аргентинскиот и колумбискиот, изјавил Иван Тозо, претседател на сојузот.
Тој додал дека сега примарна задача на сите ќе биде помош на клубот, а ќе му биде доделен и наградниот фонд од купот во вредност од 2 милиони долари.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.