| четврток, 6 декември 2018 |

„Авалон“ со голема рок журка ја затвори историската концертна година

Првиот ALL YOU NEED IS LOVE DAY во Македонија,  вчера нa публикaта во „Борис Трaјковски“ и донесе три целовечерни концерти во исто време и на исто место. Настапија Бајага и Инструктори, Прљаво Казалиште и Ареа, а за официјалното отворање честа им припадна на одличниот бенд „Deca iz vode-EKV tribute band project“. „Земља“, „Круг“ , Ти си сав мој бол“, „Очи боје меда“, „Пар година за нас“, „Буди сам“…и уште многу познати наслови од култниот бенд „ЕКV“  публиката ја кренаа на нозе и ја вратија во годините кога биле тинејџери. И помладата публика ги пееше песните на бендот кој на просторите на поранешна Југославија важеше за еден од најдобрите.

15230833_1456169391077750_6474333893864089724_n

„Авалон“ со одличен настан ја затвори историската концертна година. Со најголемата рок журка. Најголемите хитови на „АРЕА“ и вокалот на Ружица која која беше препознатлива по својот изглед и изведба, прозвучеа одлично. „Фрекфенција на љубовта“, „Дали можеш“, „Пријател“ и се разбира култната „Сите мои слики“, со која групата постигна невиден успех и се стекна со огромна популарност синоќа звучеа одлично.

15337375_1456169701077719_3759355112181767989_n

Во „Борис Трајковски“, синоќа „Авалон“ за прв пат на едно место го собра најдоброто во областа на поп рок музиката во последниве 20-тина години, и тоа ни помалку ни повеќе, со три целовечерни концерти.

15380299_1456170144411008_8823057330922026049_n

„Прљаво казалиште“ професионално и и мајсторски најпрвин направи колаж од побавни песни со кои ја загреаја публиката, а потоа нивниот препознатлив ритам ги натера присутните да играат и да пеат во еден глас. „Из неких старих разлога“, „Ружа хрватска“, „Не зови мама доктора“, „Херој улице“, „Ми плешемо“…и безброј други хитови на хрватскиот бенд ечеа синоќа од грлата на многубројните посетители на првиот „All you need is lovе“ фестивал. Настапот го заокружија со „Марина“ која кулминираше по изведбата на „Македонско девојче“.

15317791_1456170971077592_8350749629135093671_n

На сцената продефилираа имиња кои го претставуваат најдоброто во својата област, во земјите од кои доаѓаат. За Бајага и инструктори веќе салата беше преполна. Тие важат за еден од најзначајните бендови на југословенската и српската рок сцена, благодарение на фасцинантниот низ од хитови на авторот, пејач и гитарист Момчило Бајагиќ- Бајага, а објавувани на исклучително тиражните албуми почнувајќи од „Pozitivne geografije“ (1984), до последниот носач на звук „Daljina, dim I prašina“ (2012). Овој пат Бајага имаше необичен избор на песни, не многу комерцијални, но сепак публиката беше повеќе од задоволна. „Зажмури“, „Тишина“, „Весела песма“, „Јер ти се љубиш“, „Кад ходаш“, „Лепа Јања“, „Плави сафир“, „Песна против малери“…уште еднаш прозвучеа одлично и покажаа дека Бајага со право е толку многу години на самиот врв на рок сцената.

15268047_1456170594410963_9110803594592217093_n

фото: Авалон

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top