| четврток, 6 декември 2018 |

Лазаров го сруши скапиот ПСЖ

Во спектакуларен меч на двете екипи со најдобар учинок во досегашниот тек на Лигата на шампионите, Барселона во „Палау Блауграна“ го совлада ПСЖ со 35-32 (14-14).

Од македонските интернационалци Борко Ристовски не доби шанса, а Кирил Лазаров повторно блескаше и беше најдобар играч и стрелец во победничката екипа. Најефикасни беа Лазаров со 9 гола, Жалуз запиша 6, а Гонзало мечот го заврши со 15 интервенции.

Кај ПСЖ, Хансен даде 7 гола, но сите од казнени удари. Шест постигна и Никола Карабатиќ, а Абало запиша пет крај своето име.

Оваа победа сега го лансира тимот на Барселона како лидер во групата и најсериозен кандидат за освојување на првото место на крајот од групната фаза.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top