| четврток, 6 декември 2018 |

Светна елката на плоштад (ФОТО)

Со концерт и изведба на новогодишни песни на хор составен од 180 ученици од повеќе средни училишта на Градот Скопје, синоќа беше вклучена централната елка поставена на Плоштадот „Македонија“.

Централната новогодишна елка е висока 21 метар, осветлена е со неколку илјади светилки и светлосни фигури, а ќе свети во различни бои. Годинава првпат Плоштадот „Македонија“ е декориран и со светлосна фонтана и светлосен тунел.

елка

Град Скопје традиционално и годинава го реализира Проектот за новогодишно украсување и декорирање кој е во тек и треба да му даде празничен лик на градот. Покрај плоштадот, во поширокиот реон на централното градско јадро ќе бидат украсени и повеќе булевари, улици, помали плоштади и паркови, како и дел од Старата чаршија.

Елка плоштад скопје

Декорирањето го реализира фирмата Линк Медија, чија понуда е избрана за најповолна на јавниот повик и за таа цел Град Скопје ќе издвои околу 12 милиони денари.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top