Ќерката на оваа британска двојка, која им се роди летово, има 5 браќа и 6 сестри. Нивните деца се на возраст од новороденче до 23 години. Мајката, 39-годишната Менди вели дека тука ќе застане, а нејзиниот сопруг Нејтан би сакал да има 20 деца!
Менди го добила првото дете на 16 години.
– Нејтан сака огромно семејство. Би сакал да има 20 ако му дозволам. Но, јас се надевам дека ќе застанеме на бројот 12. Иако за секое од последните 7 деца велев дека е последно- вели Менди.
За британските медиуми Менди вели дека е зависна од раѓање на деца.
– Најубавиот момент кога ќе се роди бебето е кога ќе го видам за прв пат, ќе го запознаам откако 9 месци било во мојот стомак. Секогаш пред породување сум нервозна, сите бремености се непредвидливи и јас сум нервозна што ќе се случи, дали се ќе биде во ред. Потоа првите 12 недели се пекол, имам бебе а имам и други мали деца за кои треба да се грижам -вели Менди.
Но, постарите деца во семејството се тука да помогнат. Тие имаат задачи, а можат да се пријават и за дополнителни обврски, што позитивно се одразува на нивниот џепарлак.
Менди вели дека покрај сето тоа, имаат и миленици, мачиња и кучиња, на кои исто така им треба нега и грижа.
– Лудилото е нормално за оваа куќа. Дали би го менувала тоа за мирен живот? Не! – вели Менди.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Доаѓа Другаризација! – акција да се намали врсничкото насилство
-
Осум од десет родители во Македонија со ќотек ги дисциплинираат децата
-
Семејството скршено од тага пристигна на стадионот- сопругата на Вичај од овој детаљ ќе се струполеше на земја
-
Денешните генерации се 15 години „постари“ од родителите на иста возраст