| четврток, 6 декември 2018 |

Фетел нема да си оди од Ред Бул

Според последните информации во медиумите кои сериозно ги следат случувањата во „најбрзиот циркус“ на светот, легендарниот австриски автомобилист Ники Лауда, го контактирал трикратниот последовен шампион и актуелен лидер во поредокот да мине во Скудерија

fetel formula1
„Знам дека не постои екипа кој не би го сакала Фетел во својот болид. Тој е долго време во Ред Бул и е важен дел од сите успеси на нашиот табор. Не е проблем договорот, туку како тој самиот се чувствува во тимот. Задоволството е двострано и мислам дека уште долго ќе биде со нас“, вели Хорнер во интервјуто за германските медиуми.

Шефот на шампионскиот состав во Формула 1 конкуренцијата Ред Бул, Кристијан Хорнер, изјави дека воопшто не се плаши дека Себастијан Фетел би можел да го напушти тимот по крајот на сезоната и да се пресели во редовите на Ферари.

Инаку, иако Себастијан Фетел е најдобар три години во низа, тој е дури на четвртата позиција според заработката во Формула 1 шампионатот. Пред него се Фернандо Алонсо од Ферари, Луис Хамилтон од Мерцедес и пилотот на Мекларен, Џенсон Батон.

Следната трка од Ф1 календарот ќе се вози на 26-ти мај, кога на програмата ќе биде гран-при натпреварувањето во Монте Карло.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top