Унгарскиот министер за надворешни работи на Република Унгарија Питер Сијарто отворено застана зад ВМРО-ДПМНЕ во овие избори во Македонија. Во своето обраќање на македонски јазик, тој нагласи „Немојте да скршнете од патот кон европската интеграција, а за тоа единствена гаранција се Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ“.
-Македонија и Македонците навистина заслужуваат почит, но за жал во изминатите години бројни ликови од меѓународниот политички живот не покажаа почит кон Макеоднија и народот. Имаше такви кои отворено и такви кои скрено се обидуваа да се вмешаат во вашите работи. Сакам да ви нагласам дека ние Унгарците сметаме дека за иднината на Македонија може да одлучувате само вие Македонците- истакна Сијарто.
Во изминатите години, додаде тој, многумина се обидоа да се вмешаат и во работите на Унгарија.
-Имаше такви кои отворено, и други кои затворено за така наречени невладини организации се обидуваа да ја детерминираат нашата татковина и да ја сметаат за ништотна вољата на унгарскиот народ, но ние Унгарците како народ сме вистински борци за слободата и не попуштивме пред притисоците. Ви предлагам ниту вие да не попуштите на обидите на надворешно мешање. Застанете зад своето и бидете горди на досега постигнатото- нагласи унгарскиот шеф на дипломатијата.
На митингот во Скопје, во отворена поддршка на ВМРО-ДПМНЕ застана австрискиот министер за надворешни работи Себастијан Курц.
– Ние сме среќни што Македонија е на добар пат кон ЕУ. Среќни што Македонија е важен партнер за Австрија, а особено сум среќен што колега ми е министерот Никола Поповски. Австрија е особено благодарна за подршката во 2015 и 2016 година при бегалската криза. Тоа беше голем предизвик за Австрија, во 2015 година 90 илјади мигранти дојдоа во Австрија, а преку еден милион минаа низ државата. Без вашата влада немаше да бидеме во состојба да ја затвориме балканската рута. Многу сум ви благодарен што ни помогнавте во оваа тешка состојба за нас – истакна австрискиот министер за надворешни работи посакувајќи среќа и енергија во кампањата на ВМРО-ДПМНЕ.
Австрија и Унгарија не се единствените европски држави кои испратија недвосмислена поддршка на политиките кои негуваат зачувување на унитарниот карактер на Македонија. Со своја поддршка на митинзите на ВМРО-ДПМНЕ застанаа и германски и италијански пратеници, како и претставници на најголемата европска партија Европската народна партија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Австрија ги отвора вратите за Македонците: Бара келнери, сметководители, ѕидари, касапи
-
Унгарската влада за „Макфакс“: Му дозволивме на Груевски да побара азил од безбедносни причини бидејќи беше премиер
-
Курц го поздрави договорот во македонското собрание
-
Владата се извини: Многу се слични димензиите и колоритот на знамињата