| четврток, 6 декември 2018 |

Вечерва ќе светне новогодишната елка во Скопје

Град Скопје и годинава, традиционално, за да го разубави амбиентот за претстојните новогодишни и божикни празници го украси и декорира централното градско подрачје.

Вечер во 19 часот ќе биде вклучена централната новогодишна елка која е  поставена  на плоштадот „Македонија“, а во 18:45 часот ќе почне пригодна програма од новогодишни песни кои ќе ги изведе хор составен од 180 ученици од повеќе средни училишта на Град Скопје.

Централната новогодишна елка е виска 21 метар и е  осветлена со  неколку илјади светилки и светлосни фигури во различни бои.

Годинава првпат плоштадот ќе биде декориран и со светлосна фонтана и со светлосен тунел.

Град Скопје информира дека покрај плоштадот, во поширокиот реон на централното градско јадро ќе бидат украсени и следниве улици: булевар „Илинден“ до крстоницата со ул. „Френклин Рузвелт“; просторот пред Владата на Република Македонија; ул. „Даме Груев“; булевар „Партизански одреди“ до крстоницата со бул. „8 Септември“ и платото пред Универзална сала; улиците „Димитрие Чуповски“ и „11 Октомври“; булевар „ВМРО“; ул. „Филип Втори“ на потегот од крстоницата кај Специјалната болница за хируршки болести  „Св. Наум Охридски“ до  Т.Ц. „Мавровка“. Ќе бидат украсени и просторот пред Судската палата и бул. „Гоце Делчев“ од Т.Ц. „Мавровка“до Влада на Република Македонија; Старата чаршија пред националната галерија Чифте Амам; Паркот „Жена борец“; просторот пред црквата „Св. Богородица“; плоштадот „Филип Втори“; пред црквата „Св. Димитрија“; улица „Македонија“; бул. „Климент Охридски“ од Влада на РМ до зградата на „Нова Македонија“; плоштад Пресвета Богородица; булеварите „Крсте Мисирков“ до крстосница со улица „Цветан Димов“, „Христо Татарчев“ до крстосница со бул. „Гоце Делчев“ до крстоница со улица „Цветан Димов“, „Александар Македонски“ од крстосница со улица „Беласица“ до крстосница со улица „16 Македонска бригада“.

Декорирањето ќе го реализира фирмата Линк Медија која имаше најповолна понуда на јавниот повик и за таа цел  Град Скопје ќе издвои околу 12 милиони денари.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top