| четврток, 6 декември 2018 |

Maкедонија воодушевена од Јоксимовиќ (ФОТО)

Вчеравечер во МНТ се одржа првиот од најавените 4 концерти на најпопуларниот машки изведувач во регионот, Жељко Јоксимовиќ. Од првата до последната џез или свинг варијанта на веќе познатите поп, рок и фолк песни, публиката возбудено го наградуваше со аплауз трудот на Јоксимовиќ.
unspecified-1
Полната сала беше доказ дека Жељко Јоксимовиќ успева во намерата предновогодишно да ги разубави македонските денови.
Со повеќе од 40 музичари на сцена, нешто повеќе од час и половина и 24 песни со нов аранжман, публиката уживаше еден сосема поинаков концерт во интимната атмосфера на театарот.
unspecified2
Остануваат да се реализираат уште 3 концерти од проектот на Јоксимовиќ, насловен „Два света“. Почетокот и на останатите три концерти е 20.30 часот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top