| четврток, 6 декември 2018 |

Бојан Трајковски слета во гнездото на „соколите“

bojan-trajkovski

Бојан Трајковски, македонскиот кошаркарски репрезентативец, е нов член на Карпош Соколи, откако денес и официјално потпиша договор со македонскиот претставник во друштвото на најдобрите тимови на просторот на некогашна СФРЈ, со важност до крајот на сезоната, но и со можност истиот да биде продолжен и за подолг период.

– Презадоволни сме што успеавме да го ангажираме Бојан Трајковски, кошаркаркар чии квалитети се неспорни и кој и тоа како ќе ни помогне во остварување на зацртаните цели сезонава. Драго ми е што успеавме да доведеме македонски репрезентативец, со што уште еднаш покажуваме дека наш првенствен интерес е развојот на македонската кошарка. Во Трајковски добиваме играч кој и тоа како ќе ги промени силите на теренот во домашниот шампионат и со чија помош сигурно ќе бидеме поблиску до еден од двата домашни трофеја – вели претседателот на Карпош Соколи, Огнен Дедиќ.

Репрезентативецот минатото лето потпиша за Куманово, но набрзо потоа го раскина договорот и кариерата ја продолжи во косовскиот тим Сигал Приштина, чиј лидер беше до пред извесно време.Избраниците на тренерот Драган Николиќ вечерва ќе му гостуваа на Задар (18.00 часот), а првата можност за деби на Трајковски е веќе в среда кога во Скопје гостува Трепча во рамки а БИБЛ-лигата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top