| четврток, 6 декември 2018 |

Сосема заслужено, „кралот“ Џејмс прогласен за најдобар спортист во САД

Леброн Џејмс е прогласен за најдобар спортист во САД за 2016 година во изборот на спортскиот магазин „Спортс Илустрејтед“. За кошаркарот, кој со Кливленд во изминатата сезона стигна до шампионскиот прстен, ваквата награда е негова втора, по онаа во 2002 година.

– Предводејќи го Кливленд до шампионската титула, тој го исполни ветувањето што го даде за својот град и целиот регион – стои во соопштението на „Спортс Илустрејтед“.

Покрај „Кралот“ со оваа награда двапати се има закитено и Тајгер Вудс, во 1996 и 2000 година.

– Ова признание е голема чест за мене. Но, знаете што мислам за индивидуалните награди, тие за мене немаат исто значење како и тимските трофеи. Задоволен сум поради моето семејство, јас лично за тоа немам мислење – изјави Леброн Џејмс.

Минатата година наградата ја освои тениската дива Серена Вилијамс.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top