| четврток, 6 декември 2018 |

Заев нуди распад на државата, а не нов живот

 

Ненад Мирчевски

Ненад Мирчевски

 

На ре­чи­си де­сет де­на до ре­фе­рен­дум­ско­то гла­са­ње мо­же­ме да кон­ста­ти­ра­ме три фа­кти: Зо­ран За­ев е мр­тов по­ли­ти­чар и на­ско­ро ќе мо­ра да од­го­ва­ра за си­те зло­де­ла кон др­жа­ва­та и кон ма­ке­дон­ски­от на­род. По­ра­зот на СДСМ ќе би­де ка­та­стро­фа­лен и ни­кој друг не­ма да би­де ви­но­вен за тоа освен пар­ти­ско­то ра­ко­водс­тво. Опо­зи­ци­ја­та ќе мо­ра да ба­ра нов ли­дер, но­во ра­ко­водс­тво и да се огра­ди од до­се­гаш­на­та де­стру­ктив­на по­ли­ти­ка ако са­ка да се спа­си од рас­пад. Не­за­вис­но од овие фа­кти, кои зна­чи­тел­но одре­ду­ва­ат во ко­ја на­со­ка ќе се дви­жат опо­зи­ци­ски­от брод во след­на­та го­ди­на, до де­нот на из­бо­ри­те ќе оста­нат да ви­сат уште не­кол­ку ди­ле­ми кои се од ви­тал­но зна­че­ње за суд­би­на­та на др­жа­ва­та. А тоа се: Ќе има­ат ли хра­брост чле­но­ви­те и сим­па­ти­зе­ри­те на СДСМ да ка­жат „не“ за ре­де­фи­ни­ра­ње на др­жа­ва­та? Ќе ја пре­поз­на­ат ли не­о­пре­де­ле­ни­те Ма­ке­дон­ци на­вре­ме игра­та што ја игра За­ев пред да се нај­де­ме во си­ту­а­ци­ја од ко­ја не­ма на­зад? Ќе ус­пе­ат ли ВМРО-ДПМНЕ и ко­а­ли­ци­ја­та да обез­бе­дат мно­зинс­тво кое ќе ста­ви крај на кри­за­та и ќе овоз­мо­жи вра­ќа­ње на др­жа­ва­та на нор­ма­лен ко­ло­сек?

Од­го­во­ри­те на овие пра­ша­ња ќе го одре­дат пра­ве­цот во кој ќе зап­ло­ви Ма­ке­до­ни­ја по 11 де­кем­ври.

За жал, уште на са­ми­от по­че­ток мо­же да се кон­ста­ти­ра де­ка оној дел од опо­зи­ци­ја­та во кој спа­ѓа­ат Со­ро­со­ви­те пла­те­ни­ци и најб­ли­ски­те пар­ти­ски со­ра­бот­ни­ци на ве­ле­пре­дав­ни­кот Зо­ран За­ев ќе го сле­ди до крај ли­де­рот на опо­зи­ци­ја­та во од­нос на пра­ша­ње­то за ре­де­фе­ни­ра­ње на др­жа­ва­та, во на­деж де­ка ќе про­дол­жат да ја ужи­ва­ат бла­го­нак­ло­не­то­ста на но­ка­у­ти­ра­ни­от ча­дор и на да­реж­ли­ви­те фи­нан­си­е­ри и по не­го­ва­та сме­на на ли­дер­ска­та по­зи­ци­ја на СДСМ. Во таа на­со­ка, ед­ни ку­ка­вич­ки ќе мол­чат до крај ко­га За­ев ќе збо­ру­ва за дво­ја­зич­ност и за нов Охрид­ски до­го­вор, и ќе ги кри­јат гла­ви­те под пер­ни­ца, а дру­ги, пак, уште по­ку­ка­вич­ки ќе ја ма­ни­пу­ли­ра­ат јав­но­ста де­ка, всуш­ност, ни­што опас­но не се слу­чу­ва и ќе твр­дат де­ка ре­де­фи­ни­ра­ње­то на др­жа­ва­та е из­мис­ли­ца на по­ли­тич­ки­от про­тив­ник. Оние од пла­те­нич­ка­та бан­да, пак, што има­ат за прав­да­ње по­го­ле­ми су­ми пред спон­зо­ри­те, без ни­ка­ков срам и без грам чув­ство за на­ци­о­нал­на при­пад­ност ќе про­дол­жат отво­ре­но да тр­гу­ва­ат со пра­ва­та на сво­јот на­род. Дел од нив ду­ри ве­ќе си доз­во­лу­ва­ат, во сти­лот на За­ев, ко­мот­но да збо­ру­ва­ат за тоа ка­ко си­те де­ца Ма­ке­дон­ци ќе изу­чу­ва­ле ал­бан­ски ја­зик од нај­ма­ла во­зраст! На оваа пла­те­нич­ка ба­гра ѝ по­ра­чу­вам ту­ка да со­пре за­тоа што дла­бо­ко ја по­ми­на цр­ве­на­та ли­ни­ја! Со нив­ни­те де­ца мо­жат да пра­ват тоа што мис­лат де­ка е нај­до­бро за нив, па ду­ри и по до­ма ал­бан­ски да збо­ру­ва­ат ако са­ка­ат. Но, ни­кој, па ду­ри ни на­вод­ни­те бор­ци за чо­ве­ко­ви пра­ва, не­ма пра­во на мо­и­те де­ца во нив­на­та та­тко­ви­на, во ко­ја се мно­зинс­тво, да им на­ло­жу­ва­ат да учат ја­зик кој не им е мај­чин. Из­бо­рот кој ја­зик ќе го учат, ќе би­де на де­ца­та (од­нос­но нив­ни­те ста­ра­те­ли), спо­ред нив­на­та вол­ја и по­тре­би. Но, ни­ка­ко не­ма да би­де на­мет­нат со си­ла, за за­до­во­лу­ва­ње не­чии аген­ди и цр­ни сце­на­ри­ја.

Што се од­не­су­ва до оста­на­ти­те чле­но­ви и сим­па­ти­зе­ри на СДСМ, од нив оче­ку­вам да по­ка­жат др­жав­нич­ка свест и се­ри­оз­но да за­ста­нат во од­бра­на на на­ци­о­нал­ни­те ин­те­ре­си пред пар­ти­ски­те. Впро­чем, што ќе им е пар­ти­ја ако ја за­гу­бат др­жа­ва­та? Што ќе им е власт ако не­ма­ат со ко­го да вла­де­ат? Се­га е ви­стин­ско вре­ме да по­ка­жат „от­пор“ за опас­ни­те идеи на ли­де­рот-пре­дав­ник, но и да до­ка­жат де­ка чле­но­ви­те на СДСМ се Ма­ке­дон­ци и де­ка не доз­во­лу­ва­ат ни­кој да тр­гу­ва со нив­ни­те на­ци­о­нал­ни ин­те­ре­си. Та­кви­от став на членс­тво­то не са­мо што ќе при­до­не­се за це­лос­но фи­ја­ско на сце­на­ри­о­то на За­ев за ре­де­фи­ни­ра­ње на Ма­ке­до­ни­ја ту­ку и ќе би­де го­лем им­пулс за бр­зо ре­фор­ми­ра­ње на ре­чи­си мр­тва­та опо­зи­ци­ја.

kol222-sdsm-dveri

Во исто вре­ме, мо­рам да ги раз­о­ча­рам оние чле­но­ви и сим­па­ти­зе­ри на СДСМ, со­ци­јал­де­мо­кра­ти, ле­во­о­ри­ен­ти­ра­ни гла­са­чи, си­те што ве­ру­ва­ат де­ка на сме­тка на на­ци­о­нал­ни­те ин­те­ре­си ќе до­би­јат по­до­бар „жи­вот“ бла­го­да­ре­ние на про­гра­ма­та на За­ев. Гос­по­до опор­ту­ни­сти, ва­ши­от ли­дер по кој знае кој пат е фа­тен жив во ла­га – овој пат ка­ко ви ну­ди лаж­ни ве­ту­ва­ња кои не­ма­ат вр­ска ни­ту со по­тре­би­те на Ма­ке­дон­ци­те ни­ту со ле­ви­чар­ска­та иде­о­ло­ги­ја. Де­но­ви­ве бев во Бел­град за да по­ба­рам об­јас­ну­ва­ње од ви­стин­ски­те сопс­тве­ни­ци на про­гра­ма­та ко­ја ви ја „про­да­ва“ За­ев. Имав мож­ност да раз­го­ва­рам со гос­по­ди­нот Ср­ѓан Но­го, пра­те­ник во срп­ски­от Пар­ла­мент од ре­до­ви­те на пар­ти­ја­та Две­ри, кој бе­ше не­при­јат­но из­не­на­ден ко­га доз­на де­ка нив­на­та про­гра­ма, сло­га­ни­те и ико­но­гра­фи­ја­та од кам­па­ња­та на оваа ма­ла пар­ти­ја без одо­бре­ние ги ко­ри­сти нај­го­ле­ма­та опо­зи­ци­ска пар­ти­ја во Ма­ке­до­ни­ја. Но, не­го­ва­та шо­ки­ра­ност не бе­ше тол­ку по­ра­ди др­ска­та краж­ба на нив­ни­от ин­те­ле­кту­а­лен труд, ту­ку по­ра­ди фак­тот де­ка пар­ти­ја­та што ја про­мо­ви­ра нив­на­та про­гра­ма во Ма­ке­до­ни­ја не­ма ама баш ни­ка­ква иде­о­ло­шка слич­ност со авто­ри­те на про­гра­ма­та и се стре­ми кон ди­ја­ме­трал­но спро­тив­ни вред­но­сти. Со дру­ги збо­ро­ви, Зо­ран За­ев во мо­мен­тот им „про­да­ва“ на ма­ке­дон­ски­те гра­ѓа­ни „план за жи­вот“ над­вор од НА­ТО и од ЕУ, ка­ков што го за­мис­ли­ле чле­но­ви­те на Две­ри. Всуш­ност, оваа срп­ска дес­ни­чар­ска пар­ти­ја се за­ла­га за по­ли­ти­ка во ко­ја од­лу­ки­те се до­не­су­ва­ат во ин­те­рес на гра­ѓа­ни­те на Ср­би­ја, а не во ин­те­рес на Бри­сел или на Ва­шин­гтон, или на кои би­ло стран­ски цен­три. За раз­ли­ка од СДСМ, Две­ри се за­ла­га за за­шти­та на до­маш­ни­те ин­те­ре­си и во ни­кој слу­чај не одо­бру­ва зем­ја­та да би­де пре­пу­ште­на на стран­ци­те. Во исто вре­ме, ја гле­да­ат Ср­би­ја ка­ко зем­ја во ко­ја цен­та­рот на вни­ма­ни­е­то ќе би­де ста­вен на за­чу­ву­ва­ње на вред­но­сти­те на тра­ди­ци­о­нал­но­то се­мејс­тво, а не на про­мо­ви­ра­ње на ЛГБТ за­ед­ни­ца­та. Па­ра­до­ксот е во тоа што овие две пар­тии не­ма­ат ни­ка­ква до­пир­на точ­ка, а, се­пак, ну­дат исти ре­ше­ни­ја за по­до­бар жи­вот! И по­крај ва­ква­та не­о­бич­на си­ту­а­ци­ја, од Две­ри ре­ши­ја да им по­да­дат ра­ка на „при­ја­те­ли­те“ во Ма­ке­до­ни­ја и го по­ви­каа ра­ко­водс­тво­то на СДСМ на со­ра­бо­тка. Се раз­би­ра, под еден ус­лов, ако овие ту­ка до­ка­жат де­ка ги де­лат исти­те вред­но­сти. Ако го сто­ри тоа За­ев, му ве­ти­ја де­ка след­на­та кам­па­ња ќе ја до­бие бесп­лат­но! Па За­ев, ти си на по­тег се­га! Си­те зна­е­ме де­ка имаш ла­стик кич­ма и де­ка мо­жеш да сме­ниш не са­мо став, ту­ку и це­ла пар­ти­ска иде­о­ло­ги­ја во рок од ед­на ми­ну­та.

Нас­про­ти се­и­рот што му го фа­тив­ме на За­ев за­тоа што се­а­чи­те на ска­па маг­ла „де­бе­ло го за­кр­пи­ле“ за не­што што мо­жел сам да го нај­де на ин­тер­нет и нас­про­ти ис­ме­ва­ње­то на нес­по­соб­но­ста на нај­го­ле­ма­та опо­зи­ци­ски пар­ти­ја во Ма­ке­до­ни­ја да смис­ли сво­ја кам­па­ња, чле­но­ви­те на Две­ри ис­пра­ти­ја се­ри­оз­на по­ра­ка до ма­ке­дон­ски­те гра­ѓа­ни во ко­ја ги пре­ду­пре­ди­ја гла­са­чи­те да не доз­во­лат да би­дат жр­тви на по­ли­тич­ка из­ма­ма. За крај ме ис­пра­ти­ја со на­деж де­ка „на из­бо­ри­те ќе по­бе­ди Ма­ке­до­ни­ја“, со што по­ка­жаа по­го­ле­ма свест за си­ту­а­ци­ја­та во Ма­ке­до­ни­ја од це­ла­та ма­ке­дон­ска опо­зи­ци­ја за­ед­но.

Ставовите искажани во рубриката Колумни се лични ставови на авторите и не се автоматски и ставови на редакцијата на Republika.mk. Редакцијата на Republika.mk се оградува од ставовите во објавените колумни, а одговорноста за изнесеното во нив е исклучиво на авторот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top