| четврток, 6 декември 2018 |

Пожар во една од најголемите рафинерии во Италија

pozar

Во една од најголемите рафинерии во Италија, јужно од Милано, синоќа изби пожар, а локалните власти побараа од локалните жители да останат во своите домови.

Компанијатa „Ени“, во чијашто сопственост е рафинеријата „Санакаро де Бургонди“, соопшти дека нема поврeдени во пожарот.

Од компанијата ги демантираа првичните информации дека се случила експлозија. Пожарот по неколку часа е ставен под контрола.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top